Расте бројот на постпејд-корисници

Bez autora
Apr 15 2013

Повеќето од македонските корисници на мобилна телефонија зборуваат преку припејд-броеви, но во последно време е забележителна тенденцијата за нивно намалување за сметка на порастот на постпејд-претплатници. Според извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, во третиот квартал од 2012 година од 2.299.926 активни претплатници на мобилна телефонија припејд-корисници биле 63,2 отсто, а останатите 36,8 отсто имале склучен договор за претплата со некој од трите оператори. Оваа статистика покажува дека бројот на постпејд-претплатници бележи раст од 27,57 отсто во однос на истиот период во 2011 година. Овој раст е уште поголем ако се спореди со бројките од пред неколку години. Така во 2007 година од сите мобилни броеви припејд-корисници биле дури 84 отсто, а во 2009 година процентот се намалил на 67 отсто.

Расте бројот на постпејд-кориснициПовеќето од македонските корисници на мобилна телефонија зборуваат преку припејд-броеви, но во последно време е забележителна тенденцијата за нивно намалување за сметка на порастот на постпејд-претплатници.

Според извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, во третиот квартал од 2012 година од 2.299.926 активни претплатници на мобилна телефонија припејд-корисници биле 63,2 отсто, а останатите 36,8 отсто имале склучен договор за претплата со некој од трите оператори. Оваа статистика покажува дека бројот на постпејд-претплатници бележи раст од 27,57 отсто во однос на истиот период во 2011 година. Овој раст е уште поголем ако се спореди со бројките од пред неколку години. Така во 2007 година од сите мобилни броеви припејд-корисници биле дури 84 отсто, а во 2009 година процентот се намалил на 67 отсто.

Ова е потврда дека македонските граѓани, а и оператори, ги следат светските трендови за поголем интерес за склучување долготрајни договори со операторите во замена за поевтини тарифи за разговори и за интернет, како и за повластени цени за купување телефонски апарати, посебно за смартфоните од најновите технолошки генерации.

- Kористев припејд речиси пет години и никогаш повеќе! Сега има с` подобри и подобри постпејд-понуди, па ќе се префрлам. Ем земаш поевтин телефон ем зборуваш за 500 денари бесплатно кон сите броеви. Сменет е постпејдот од пред неколку години, и тоа многу. Ќе се обврзеш со договор две години, ама се исплати. Плус тоа имаш бенефиции, па пред истекот на договорот можеш да си земеш бесплатен телефон - вели Мирко Трајковски, студент.

До пред неколку години припејд-тарифите беа добра можност да се контролираат трошоците при мобилните разговори и на тој начин да се избегнат астрономските сметки за телефон. Сега операторите почнаа да нудат месечни пакети по пристапни цени, во кои беа вклучени бесплатни минути, со што корисниците се ослободија од стравот дека ќе претераат со разговорите.

- Никогаш не сум зел телефон на претплата. Причина за тоа е флексибилноста. Ако земам на договор ќе се обврзам на верност од две години, а за тоа време многу работи се менуваат. Вака менувам тарифи како ми одговара, си активирам пакети по мој избор, а на крајот од краиштата, ќе сменам и оператор без бирократски малтретирања - вели Анета Симјановска.

Во регионот најголем број припејд-корисници има Црна Гора (68 отсто). Во Хрватска 59 отсто од мобилните броеви се припејд, во Србија 52 отсто, а во Словенија само 17 отсто од корисниците имаат припејд-однос со својот мобилен оператор.

Заситеност на пазарот

Мобилните оператори во западна Европа с` повеќе се фокусираат на префрлањето на претплатниците од припејд на постпејд-договори соочени со заситеноста на пазарите поради големата пенетрација, односно бројот на мобилни телефони на жител, покажува извештајот на „Вајарлес интелеџенс“.

Бројот на постпејд-корисници во овие земји расте во просек за 7,7 отсто годишно од 2007 до 2010 година, зголемувајќи се од 41,5 на 47,4 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik